ПОЧЕТНА

Проект: Следење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните набавки на локално ниво

- Временски период за реализација : јули 2018 – ноември 2019
Цел на проектот е да се оцени нивото на транспарентност, отчетност и интегритет при спроведувањето на јавните набавки од страна на општините од Вардарскиот плански регион, преку истражувања за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки на сите општини од Вардарско планскиот регион за 2017 и 2018 година, како и запознавање на локалната заедница со состојбитите со јавните набавки заради унапредување на истите.
Крајна цел на проектот е проценка на состојбата и подобрување на целокупниот процес на јавните набавки на локално ниво, односно пошироко од процедурите опфатени во законската регулатива.

Настан од промоција на резултатите од истражувањето за 2017 година одржан на 23 јануари 2019 во Велес. На настанот учествуваа претставници од општините, јавните претпријатија, како и од граѓанските организации од Вардарскиот регион.