ПОЧЕТНА

Новиот закон за бесплатна правна помош со подобрени решенија за пристап до правда

eho 400Граѓанските организации вклучени во креирањето на новиот Закон, го поздравуваат неговото донесување

Фондација Отворено општество - Македонија, Македонско здружение на млади правници, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација Штип, Хелсиншки комитет за човекови права, Национален ромски центар Куманово, Избор Струмица и MKЦ Битола како организации активно вклучени во процесот на креирање на Законот за бесплатна правна помош го поздравуваат неговото донесување.

Новиот Закон за бесплатна правна помош е производ на долготраен процес и соработка помеѓу граѓанскиот сектор и Министерството за правда, а активната вклученост на граѓанските организации придонесе кон креирање на решение кое ќе може да одговори на правните потреби и проблеми на граѓаните.