ПОЧЕТНА

Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство

Од 23 до 24 март се одржа Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство, наменета за јакнење на капацитетите на мрежата на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство. 
Дел од проектот ‚‚Примена на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени и девојки жртви на насилство‘‘ што ЕХО го спроведува во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.