ПОЧЕТНА

Работилница на тема: Мрежно застапување за унапредување на услугите за жени и девојки жртви на насилство

Во организација на ЕХО, од 22 до 23 март се одржа Работилница на тема: Мрежно застапување за унапредување на услугите за жени и девојки жртви на насилство, наменета за јакнење на капацитетите на мрежата на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.