ПОЧЕТНА

“Што мисли народот?“ - Емисија на ТВ Стар

25.12.2018Правничката од ЕХО, Благица Киров беше гостинка на Тони Михаилов и ТВ Стар во отворената емисија “Што мисли народот?“. 
Тема на емисијата беа новините во регулативата за бесплатната правна помош, пристапот до правда за граѓаните, со акцент на пристапот до правда за жените жртви на насилство. Граѓаните беа заинтересирани и преку телефонски јавувања во живо добија одговор на неколку прашања во врска со правните проблеми што ги искусуваат. 
Ова медиумско гостување на правничката на ЕХО е дел од активностите за зголемување на јавната свест и информираноста на граѓаните за новините во системот на бесплатна правна помош, реализирани во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“ што е поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија.
Повеќе информации за остварување на правото на бесплатна правна помош можете да најдете на You tube каналот на ЕХО, на следниве линкови:
https://www.youtube.com/watch?v=fWCswD86wOA
https://www.youtube.com/watch?v=2IYWL5b9FLc