ПОЧЕТНА

Награден конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!

16Days-2018-logo-675px

ЕХО Едукативно – хуманитарна организација – Штип објавува конкурс за креативни фотографии, илустации и видеа на теми поврзани со спречување на насилството врз жените и девојките .
Право на учество имаат студенти/ки и млади над 18 години, кои своите пораки за спречување на насилството врз жените и девојките можат да ги преточат во фотографија, илустрација или кратко видео.
Се охрабруваат апликантите во композицијата и/или сценариото на своите дела да вклучат припадници на армиските и/или полициските сили, претставници на малцински групи, или лица со посебни потреби, со цел да се даде симболичен приказ на сериозноста на проблемот и да се повика јавноста активно да се вклучи во спречување и заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство.
Со лицата кои ќе ги изработат најдобрите три креативни дела, ЕХО ќе склучи авторски договор за нивно користење за потребите на организацијата. (Договорите ќе бидат во висина од 25.000 денари, 20.000 денари и 15.000 денари во бруто износ, во зависност од рангирањето на креативните дела).
Трите највисоко оценети креативни дела ќе бидат објавени на веб страницата на ЕХО, фејсбук страницата на ЕХО, а доколку станува збор за видеа, ќе се објават и на You Tube каналот на ЕХО и истите ќе се промовираат во вид на спонзорирани објави за време на глобалната Кампања „16 денови активизам против родово базирано насилство“, чие годинешно мото гласи „Orange the World: #HearMeToo“. За повеќе информации во врска со кампањата кликнете овде. 

Како да аплицирате
Креираните фотографии, илустрации, или видеа со назнака „За награден конкурс“, заедно со личните податоци и контакти за авторот, треба да се испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 20 ноември 2018 година, а изборот ќе се изврши најдоцна до 23 ноември 2018 година.
Фотографиите, илустрациите и видеата треба да бидат во форма која е погодна за дигитално објавување и е во согласност со критериумите за објавување на социјалните мрежи.
Се препорачува фотографиите, илустрациите и видеата да бидат изработени во квалитетна резолуција, а должината на видеата да изнесува најмногу 2 минути.
Конкурсот се објавува во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство “,спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација ,во партнерство со Организација на жените од Струмица и Македонско здружение на млади правници.
За подетални информации во врска со конкурсот испратете порака на фб страницата на ЕХО https://www.facebook.com/echostip/

Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

eu vest


   unwomen vest