ПОЧЕТНА

Едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка

eho 400Почитувани, во рамки на активностите на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, во понеделник, 24.09.2018 година, со почеток во 18:00 часот во просториите на ЕХО што се наоѓаат во Штип на ул.Христијан Карпош бр.6/4 спроти здравствениот дом, ќе се одржи едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка. Неплаќањето на судски определената издршка за децата е еден од најчестите облици на економско насилство што го преживуваат жените и децата. Поканети се сите кои сакаат да научат повеќе и да ги споделуваат информациите во својата заедница.