ПОЧЕТНА

Одржана првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство

Во периодот од 11 – 12 септември во хотел Сириус, Струмица, се одржа првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство. Работилницата е дел од активностите на проектот „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот од неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство“ во рамки на регионалната програма на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.