ПОЧЕТНА

Одржана сесијата за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство

Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, на 22.06.2018 година во просториите на ЕХО се одржа сесија за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство. Учесниците се запознаа со овие права за да можат да ги споделуваат информациите во својата заедница и заеднички дискутираа за потребата од сеопфатна институционална помош и поддршка на оваа ранлива група граѓани. Се информираа дека жртвите на семејно насилство може да ги остваруваат мерките на заштита согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, правата на парични надоместоци, згрижување и сместување, согласно Законот за социјална заштита, правото на бесплатна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош, како и други мерки од специфични програми на Владата.