ПОЧЕТНА

Обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за анализа на буџетот на локалната самоуправа од родова перспектива


Денес и утре во рамки на иницијативата Чувар(к)и на јавното ќесе се одржува обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за анализа на буџетот на локалната самоуправа од родова перспектива.

Со поддршка на UN Women и експерти од Center for Research and Policy Making, 12 граѓански организации од 11 општини ќе работат на подготовка на извештаи за тоа колку трошењето на јавните средства во општините е родово-одговорно и ќе предложат соодветни препораки.

Иницијативата е дел од регионалниот проект на UN Women за родово одговрно буџетирање, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој Embassy of Switzerland in Macedonia и соработка и Австриската развојна агенција Austrian Development Agency.