ПОЧЕТНА

Проект: Примена на модел за интегративен пристап на есенцијалните/суштинските услуги за жени и девојки жртви на насилство

Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Главната цел на проектот е да воведе, да воспостави, да промовира и да стави во функциjа модел за интегриран пристап нa  генералните и  специјализирани  услуги  за поддршка  и заштита на жените и девојките кои преживеале насилство, вклучително  и семејно насилство, притоа следејќи ги стандардите зацртани во CEDAW,  Истанбулската конвенција и глобалните стандарди и упатства ОН за неопходните/есенцијалните  услуги.

Користејќи  и надградувајќи ги  претходните искуства и достигнувања, ЕХО во соработка со партнерските организации, Организација на жени од Струмица и Здружение на млади правници од Скопје, како и  со останатите  засегнати страни,  ќе работи на усвојување на модел кој ќе овозможи:

• Зајакнување на капацитетите на давателите на услуги кои работат со жени и девојки–жртви на нaсилство  за управување со случаи согласно потребите на корисничките на услугите/жртвите;

• Примена на сеопфатен и интегриран пристап во обезбедувањето на услуги за жените и девојки жртви на насилство;

• Зголемување  на активностите за подигнување на свеста  и зголемен  пристап  до информации за правата  на жртвите и услугите кои им се нудат.

Како пилот-проект,  се планира  моделот да се развива и применува во Штип и Струмица, преку создавање формални структури за локална координација и управување со координацијата. Моделот за интегриран пристап ќе биде изготвен во согласност  со стандардите и барањата на CEDAW,  Истанбулската конвенција и националната правна  рамка, земајќи ги предвид локалните околности и можности.

Со овој модел ќе се прилагодат и  ќе се ревидираат  постоечките  практики кај генералните  и специјализираните даватели на услуги и ќе се усвои интегриран пристап насочен кон потребите, правата и зајакнувањето на жените и девојките кои преживеале некаков вид на насилство.

Основани се  два Координативни центри за интегриран пристап за заштита на жените и девојките жртви на нсилство, и/или  семејно насилство. Покрај обезбедувањето на услуги за бесплатна правна помош и упатувања, што е експертиза на ЕХО, двата Координативни центри исто така ќе преземат суштински активности за координирање на услугите за формално и неформално делување на локално ниво за да работат заедно со цел да се обезбеди  дека сеопфатниот  интегративен одговор на  пакетот од  есенцијални услуги  им се обезбедуваат на сите жени и девојки кои се предмет на било каков вид насилство. Тоа значи дека сите други компоненти од надлежност на здравствените установи, полициските служби,  обвинителството,  судовите, социјалните служби, како и услуги од областа на психо-социјалната поддршка,  засолништа и сите останати  кои се дел од Пакетот на неопходните  услуги за жени и девојки кои се жртви  на насилство, ќе бидат обезбедени во координирана соработка со партнерската организација и општите  и специјализирани даватели на услуги на територијата на целните општини и пошироко,  доколку се појават такви потреби.

Координативните центри ќе служат како фокусна точка за локалните мултисекторски тимови на заедницата против родово базирано насилство, кои ќе работат на подобрување на меѓуинституционалните  односи и воспоставување и практикување на моделот за интегриран пристап.

Како придружен механизам во рамките на Координативните центри ќе функционира Центар за обука, чија програма ќе се фокусира на зајакнување на капацитетите на општите и специјализирани даватели на услуги во зависност од нивниот капацитет и проценката  на  нивните потреби.

Откако моделот на интегриран пристап ќе почне да се применува во пракса, ќе се формира мала компактна мрежа на специјализирани даватели на услуги од други региони  кои  ќе  поминат низ програма за градење на капацитети, вклучително и мрежно работење и застапување , како и низ  процесот на креирање на моделот за интегративен пристап,  со потенцијал за примена на истиот модел  во нивните општини и со можност истиот да претставува и модел на самоодржливост на воспоставениот систем што ќе обезбеди локална финансиска поддршка.

 Иновативен пристап и модел за прибирање на идеи од заедницата ќе се искористат за креирање на кампањи кои ќе ги користат социјалните медиуми како моќна алатка за постигнување на масовна публика. Посебно внимание ќе се посвети на вклучување на момчиња, мажи, припадници на армијата и полицијата, како и лица со посебни потреби, особено жени, како  автори и актери во креирањето  на видеа  и фотографии насочени против насилството врз жените и девојките.

Паралелно со сите горенаведени активности, ќе се изгради и развие систем за самоодржливост и план за одржливост, а иницијативи за родово буџетирање ќе бидат креирани и поднесени со цел да се обезбеди постојана финансиска поддршка од локалните самоуправи.