ПОЧЕТНА

Јавен повик за реализирање на локални акции

Организација на жените на Општина Свети Николе и партнер организацијата ЕХО од Штип, во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ го објавуваат овој јавен повик за поддршка и спроведување на локални акции во Општина Штип.
Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои засегаат поголем број граѓани и групи.

Акциите кои ќе бидат поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и други потреби кои граѓаните сметаат дека со нивно активно вклучување и граѓански ангажман ќе можат да донесат промени во животот на нивните сограѓани.
Ги охрабруваме сите граѓани да предложат оддржливи идеи со кои можат активно да се вклучат во решавање на проблемите и ќе ја подобрат состојбата во локалната заедница и со нивна помош, сограѓаните и локалните институции заеднички ќе придонесат за квалитетен живот во Општина Штип.
Сите пристигнати апликации ќе бидат оценувани од страна на петточлена Комисија за евалуација, а секоја од избраните акции ќе биде поддржана со максимум од 30.000 денари.
Да ги размрдаме прстите и да бидеме активни креатори и чинители во локалната заедница заради самите нас!
Јавниот повик е активен во периодот од 01/02/2018 до 28/02/2018 година, а сите заинтересирани може да аплицираат лично со потполнување на апликација директно во канцеларијата на Едукативно-Хуманитарна организацијa-ЕХО во Штип (Христијан Карпош бр.6) или пак тоа да го направат online преку веб страната и ФБ страната на ЕХО Едукативно-Хуманитарна организација -Штип или на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1fNG6JUb9IFjDTbvzLHLN23C5drlxAcxyc3U9v6bbWII/edit
За повеќе информации можете да се јавите на телефонските броеви:
071 957 663- Христина Начева- локален координатор за маалски акции на ЕХО Едукативно- Хуманитарна организација -Штип и
078 407 280- Емина Токовиќ- координатор за маалски акции од ОЖОСВН

Повелете погледнете неколку фотографии од нашите претходни успешно реализирани локални (маалски) акции: