ПОЧЕТНА

Трет координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот: „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“

sostanokproektВо средата, 26.03.2014 год, во малата конференциска сала на хотелот Холидеј Инн во Скопје се одржа третиот координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ искуства во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“. На координативниот состанок беа опфатени неколку аспекти од методологијата за истражувањето во кое ќе бидат опфатени 43 општини од сите 8 плански региони во Македонија. На средбата, посебен акцент беше ставен

на дискусијата за индикаторите на истражувањето,  како една од клучните елементи на методологијата кои ја поставуаат основата  за собирање и обработка на податоците, како и дефинирање на соодветни алатки за собирање на податоците. Учесниците на состанокот со своите конструктивни коментари и предлози дадоа значителен придонес кон развивањето на солидна методолошка рамка која што ќе придонесе кон квалитетот на истражувањето.
 
Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

Flag of European Union