Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош, кои граѓанските организации ги обезбедуваат на жртвите на семејното насилство во Македонија

standardizacija      ЕХО од 1 октомври 2012 година започна со реализација на проект, како имплементирачки партнер во рамки на Регионалниот Стратешки План на UN WOMEN за 2012-2013, во поддршка на остварување на следната долгорочна цел „Услуги во одговор на насилството врз жените кои се квалитетни и базирани на потребите на жените жртви на насилство се достапни во Македонија“.

standardizacija organizaciiПартнерски организации кои се вклучени во имплементацијата на проектот се: Организација на жени – Струмица, Организација на жените на Општина Свети Николе - Свети Николе и Кризен центар Надеж – Скопје.

Главната цел на проектот „Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош, кои граѓанските организации ги обезбедуваат на жртвите на семејното насилство во Македонија“ е да востанови, да промовира и да стави во функција модел кој ќе го подобри квалитетот и ќе овозможи стандардизирано обезбедување на услугите за бесплатна правна помош од страна на граѓанските организации кои се легитимни даватели на бесплатна правна помош на жртвите на семејно насилство.
Воспоставувањето, промоцијата, формализирањето и одржувањето  на системот  за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош нуди многукратни бенефиции, како за граѓанските организации, така и за самите жртви на семејно насилство и за општеството во целина. За граѓанските организации овој систем ќе значи обврска за исполнување и придржување кон јасно дефинирани минимални стандарди, ќе им овозможи да ги зајакнат нивните капацитети, да соработуваат со други организации кои обезбедуваат дополнителни услуги за поддршка, да го одржуваат и унапредуваат квалитетот на услугите и да ја обезбедат својата одржливост со добивање средства преку системот за бесплатна правна помош и други владини и невладини извори.

Со проектот се предвидени низа на активности во кои активно ќе партиципираат сите членки на ткн. мала мрежа на организации, кои со поддршка на UN WOMEN ги пилотираа првите стандарди за БПП при давањето на услуги на жртвите на семејно насилство, но исто така и останатите организации кои работат на ова поле.

Проектот предвидува и активности за застапување во кои ќе се вклучат членките на Националната мрежа за борба против насилство врз жените и семејно насилство.
Проектот дава можност да организациите кои работат на ова поле во нашата земја, заеднички работат на унапредување на услугите за правна помош и стандардизација на истите, што е во согласност со актуелните развојни текови во областа на справување со насилството врз жените, конкретно во согласност со одредбите на Конвенцијата на Советот на Европа за борба и спречување на насилство врз жената и семејно насилство која јасно истакнува дека невладините организации се клучни даватели на специјализирани услуги во одговор на насилство врз жените.