Тековни проекти/активности

Проект: Размена на најдобри ЕУ практики во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво

Проект „Набљудување на примената на Законот за бесплатна правна помош“, финансиран од Фондација отворено општество Македонија

„USAID Проект за пристап на микро претпријатијата до јавните набавки 2012-2015“, финансиран од USAID. ЕХО е партнер на Центарот за граѓански комуникации – Скопје

Проект за транспарентно локално владеење (2009-2012)
Проектот развива механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните самоуправи во Македонија, поттикнување на поголемо учество на граѓаните и на локалната бизнис заедница во процесот на одлучување во локалните самоуправи и размена на најдобри практики и искуства меѓу опшините како во земјава, така и во регионот. Проектните активности придонесуваат кон намалување на нивото на корупција во локалните заедници и кон засилување на довербата на граѓаните и бизнис претставниците во локалните власти.

Во проектот се опфатени 13 општини од источна и западна Македонија и од скопскиот регион. Откако се детектираат слабостите преку длабочинско истражување на актуелните практики во општините, се изработуваат серија препораки за преземање конкретни мерки за унапредување на работењето и се врши размена на најдобрите практики меѓу општините. Проектот се спроведува во партнерство со невладините организации НВО Инфоцентар од Скопје и Центар за граѓански комуникации-Скопје, а е финаниски поддржан од Програмата за развојни грантови на УСАИД Македонија.

Проект на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки (2012-2015)
ЕХО – Штип, заедно со фондацијата Фокус од Велес се партнери на Центарот нза граѓански комуникации од Скопје, кој е носител на наведениот проект, финансиран од УСАИД Македонија.

Проектот го олеснува пристапот на повеќе од двесте микро и мали претпријатија од источниот и од вардарскиот регион до пазарот на јавни набавки во земјата преку зголемување на капацитетите на претпријатијата и намалување на бариерите за нивно учество во јавните набавки. Тоа треба да придонесе кон одржлив развој на микро и малите претпријатија и подобро искористување на потенцијалите за создавање работни места, раст и иновации.