За нас

        Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација е основано на 7 април 2003 год. по иницијатива на група граѓани со значително искуство на работа во граѓанскиот сектор и со огромен ентузијазам за внесување на иновативни идеи во работата на граѓанските асоцијации.

Оттогаш, ЕХО има имплементирано повеќе од 20 проекти за подобрување на социо-економската состојба на граѓаните, како од Источна Македонија, така и од други целни региони.

Организациска структура:

Собранието е орган во чија надлежност е утврдување на насоките за работа на организацијата, а во неговиот состав влегуваат  сите членови;

Упоравен одбор се состои од пет членови, задолжени за управувањето со организацијата;

Надзорната комисија, која се состои од трoјца членови, задолжени за надгледување на работата и ревизија на спроведените активности.

      Мисијата на ЕХО е да се залага, помага и обезбедува услови за подобрување на социо-економскиот статус на граѓаните со посебен акцент на активното граѓанско учество во креирање на политики и заштитата на човековите права.    

      ЕХО е фокусирана на зголемување на граѓанското учество во креирањето на политики и донесувањето на одлуки. Досега реализираните активности ја покажуваат посветеноста и експертизата на членовите на ЕХО во залагање, застапување и лобирање за интересите на граѓаните, во насока на нудење и обезбедување на советодавни и консултативни услуги, спроведување на истражувања за потребите и проблемите на маргинализираните и ранливи социјални групи, како и едукативни сесии за различни правни, социјални и здравствени теми.

      Организацијата има респективно искуство во спроведување на мониторинг врз работатата на локалните власти локалното управување во насока на сузбивање на корупцијата, и унапредување на транспарентноста, отчерноста  и одговорноста.

      Организацијата има воспоставено голем број на партнерства и соработка со граѓани, домашни и меѓународни асоцијации, како и со владини институции, бизнис секторот и со локалните и национални електронски и печатени медиуми. Како резултат на тоа, досега реализираните активности беа мониторирани со голем интерес од страна на јавноста и истите придонесоа кон менување на имиџот на цивилниот сектор во позитивна насока.


ТИМ:

Beti Peeva

 

Бети Пеева,
претседател

 

Blagica Kirov

 

Благица Киров,
програмски координатор - правник

Julia Davkova

 

Јулиа Давкова,
финансиско-административен асистент