Филтер
  • Соопштение до медиуми

    Само 35 граѓани успеаа да добијат адвокат од државата и да го остварат нивното право на пристап до правда, а дури 1243 имале правен проблем во изминатата година. Во рамки на првите 12 месеци од реализацијата на проектот „Пристап до правда во Македонија“, мрежата организации регистрирани како даватели на бесплатна правна помош, обезбеди информации за правни прашања поставени од 1243 лица (599 жени и 644 мажи) во врска со 1287 правни проблеми.  [Повеќе] - Соопштение

  • Успех на граѓанските организации за бесплатна правна помош: 110 граѓани побараа адвокат платен од државата за остварување на своето право за пристап до правда

    Вложените напори на шест граѓански организации [Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, ЕХО - Штип,
    Избор - Струмица и 8-ми Септември – Скопје] за бесплатна правна помош, во рамки на проектот „Пристап до Правда во Македонија“, за само 10 месеци  даваат охрабрувачки резултати за граѓаните.

    [Повеќе] - СООПШТЕНИЕ: Успех на граѓанските организации за бесплатна правна помош: 110 граѓани побараа адвокат платен од државата за остварување на своето право за пристап до правда

  • Јавен повик за избор на консултант

    Согласно предвидените активности во рамки на проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје во партнерство со „ЕХО“ од Штип и Фондација „Фокус“ од Велес,  Ехо и , Фондација „Фокус“  имаат потреба од ангажирање консултант за одржување работилница за развивање план за одржливост.

    pdficonЈавен повик за избор на консултант

  • 45 социјално загрозени граѓани побараа бесплатна правна помош од државата и чекаа дури по 80 дена (во просек) за одговор во врска со нивното барање

    Во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а во склоп на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) заедно со шесте организации кои го имплементираат проектот од февруари до ноември оваа година, имаат дадено вкупно 860 општи правни информации како форма на претходна правна помош на заинтересирани граѓани....

    pdficonСоопштение до медиуми

  • Извештај за текот на ЛОТОС истражувањето од југоисточниот плански регион

    ТРАНСПАРЕНТНО И ОДГОВОРНО ЛОКАЛНО ВЛАДЕЕЊЕ – АКТУЕЛНИ ПРАКТИКИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА ОПШТИНИТЕ ОД РЕГИОНОТ

    Подготвил: Бети Пејева

    header lotos 1Колку е транспарентна работата на општините, колку општинските служби се отворени кон граѓаните и колку граѓаните имаат можност да се вклучат во креирањето на локалните политики? Колку реално е функционална транспарентноста која локалните администрации ја имаат како обврска?

  • Трет координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот: „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“

    sostanokproektВо средата, 26.03.2014 год, во малата конференциска сала на хотелот Холидеј Инн во Скопје се одржа третиот координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ искуства во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“. На координативниот состанок беа опфатени неколку аспекти од методологијата за истражувањето во кое ќе бидат опфатени 43 општини од сите 8 плански региони во Македонија. На средбата, посебен акцент беше ставен

  • Студиска посета на Загреб, 10-13.02.2014

    header lotos 1Во периодот од 10.02.2014 до 13.02.2014 се реализира студиска посета на Загреб, една од носечките активности во рамките на проектот „Размена на најдобри практики од ЕУ во областа на следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“.

  • Проект: РАЗМЕНА НА НАЈДОБРИ ЕУ ПРАКТИКИ ВО СЛЕДЕЊЕ НА АНТИКОРУПТИВНИ МЕРКИ НА ЛОКАЛНО НИВО

    header lotos 1Главната цел на овој проект е да се промовираат и поттикнат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво, што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.
    Зајакнувањето на капацитетит е на граѓаните и граѓанскиот сектор за мониторинг на антикоруптивните практики на локално ниво е предвидено да биде еден од главните предуслови за постигнување на општата цел.

  • 30 Септември, 2014 - Соопштение до медиуми: Дури 671 социјално загрозени граѓани побараа бесплатна правна помош од шесте овластени здруженија

    Овластените здруженија за бесплатна правна помош, од февруари 2014 до денес, обезбедија правна помош за 671 социјално загрозени граѓани кои имаат правни проблеми. Правната помош вклучуваше обезбедување правни информации и правни совети за граѓаните. Од нив, иако сите на работ на сиромаштијата,  само 86 лица ги исполнија високо поставените законски услови за остварување на правото да побараат од државата одобрување на адвокат, кој ќе го плати државата согласно Законот за бесплатна правна помош.

    За превземање во PDF формат кликнете овде

    30 Септември 2014, Соопштение до медиуми

  • 1 јули, 2014 - Соопштение до медиуми: ВО УСЛОВИ КОГА ВЛАДАТА НАЈАВУВА „БОРБА“ ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, ЖРТВИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ОСТВАРАТ ПРАВО НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

    Во време кога Владата го најави новиот предлог-закон за борба против семејното насилство, Министерството за правда одби три барања за бесплатно застапување во судски постапки за заштита на жртви на семејно насилство и нивните деца. Од друга страна, во сличен случај Министерството за правда делумно одобри бесплатна правна помош за поведување на постапка за развод на бракот, иако барањето се однесуваше и за покренување и застапување во судска постапка за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство и во кривична постапки за кривично дело Загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство.

    За превземање во PDF формат кликнете овде

    01 Јули 2014, Соопштение до медиуми